EXCLUSIVE MK
Свет

Грција се подготвува за пикот на пандемијата, проблем се популарните туристички места

И покрај застрашувачките проценки од пред неколку недели дека дневниот број на новоинфицирани со коронавирусот може да достигне 10 000, научниците сега предвидуваат дека сегашниот бран на пандемијата ќе го достигне својот пик во првата половина на август.

Минатата недела, стапката на раст на нови случаи во Грција беше за 12 проценти повисока отколку во претходниот период.

Според моделот на предвидување, кој го користел професор Димостенис Саријанис од Универзитетот Аристотел во Солун, четвртиот бран на пандемијата може да се очекува во периодот од 10 до 12 август, со дневен просек од околу 3.400 новозаразени, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Во интервју за Скај ТВ, професорот Саријанис истакна дека од средината на август, текот на пандемијата ќе зависи од тоа како напредува програмата за вакцинација.

„Ако можеме да ја зголемиме стапката на имунизација, тогаш би можеле да очекуваме стабилизација, што ќе биде придружено со пад на бројот на нови инфекции. Ако стапката на имунизација не се зголеми, се проценува дека бројот на новоинфицирани ќе се стабилизира на високи бројки, околу 3.400 на ден до крајот на август, а потоа од есен можеме да очекуваме зголемување на тој број“, рече професорот Саријанис, истакнувајќи дека во популарните туристички дестинации има нагорни трендови на бројот на нови случаи на Ковид-19.
Сепак, зголемувањето на бројот на потврдени случаи се совпаѓа со зголемениот обем на тестирање и построгите инспекции од здравствените власти, но и поради политиката на задолжително тестирање на патниците пред да се качат на траекти и авиони.

Надлежните здравствени служби потврдија дека 2.070 нови случаи на Ковид-19 биле регистрирани во изминатите 24 часа, откако биле спроведени скоро 45.000 тестови, а биле пријавени пет смртни случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Осум загинати во пожарите во Турција

Angela

Русинка го тужи „Мекдоналдс“ поради билборд што ја намамил да го прекрши постот

Angela

Исламистите се жалат на пуч, народот низ Тунис слави

Angela