EXCLUSIVE MK
Кошарка СПОРТ

Далас и Дончиќ ја поминаа Јута, следен им е Феникс (ВИДЕО)

Далас ја доби серијата со Јута откако синоќа славеше со 98-96. Се можеше да биде поинаку доколку Богдановиќ во последните секунди погодеше отворен шут за тројка, но не успеа да реализира.
Дончиќ мечот го заврши со 24 поени, девет скока и осум асистенции, 24 поени кај Далас имаше и Брансон. Во составот на Јута најдобар беше Мичел со 23 поени, осум скока и девет асистенции.
Со гостинска победа и Феникс ја затвори серијата со Њу Орлеанс. Победи со 115-109 и со 4-2 оди во следната рунда.
https://youtu.be/4lsBGmVmSUo
Крис Пол со 33 поени беше најдобар кај Феникс, Ајтон постигна 22, во составот на Њу Орлеанс Инграм постигна 21 поен имаше и 11 асистенции.
https://youtu.be/udvYzJA_u2Q
Филаделфија со убедливи 132-97 победи на гостувањето кај Торонто и тие со 4-2 одат понатаму.
Ембид со 33 поени и 10 скокови беше најдобар на теренот во составот на Филаделфија, а кај Торонто Бучер беше прв играч со 25 поени и 10 скокови.
https://youtu.be/XP3CRK-uMfE

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Перез победи, но Алонсо направи шоу во Џеда

Angela

Италијанците се жалат за состојбата на арената „Тодор Проески“

Angela

Руне покажа дека е голем талент, но Ѓоковиќ е најголемиот во светскиот тенис

Angela