Дали некогаш сте се запрашале зошто бананите се наоѓаат во речиси секоја продавница на вагата со шифра на првото место?
Причината лежи во популарноста и продажбата.
Имено, бананите се меѓу најпродаваните производи во продавниците, како во големите трговски центри, така и во малите локални продавници.
Бананите се достапни во текот на целата година и секогаш добро се продаваат, без разлика во кое време од годината, колку им скокнала цената и каде точно се наоѓа продавницата во која се продаваат.
Затоа е најпрактично да им се даде број еден за клиентите да не ги бараат долго време. Азбуката има врска со тоа, пишуваат некои медиуми, но предноста во овој случај е продажбата и популарноста на тоа овошје, бидејќи, на пример, ананасот или авокадото обично не се пред бананите на вагата.
Во 2013 година, американскиот малопродажен синџир Walmart откри дека бананите се најпродаваниот производ во нивните продавници.
Science Meets Food пишува дека бананата е најпопуларното овошје во светот и дека е четврта највредна прехранбена култура во светот, веднаш зад пченицата, оризот и млекото.
National Geographic пишува дека бананите сочинуваат приближно 75 отсто од трговијата со тропско овошје и дека годишно се јадат повеќе од сто милијарди. Тие се и најизвезуваното овошје во светот.