EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Дали знаете колку години наполни морнарот Попај?

Морнарот со голема сила и со луле во устата, кој обожава спанаќ и од него ја црпи својата натчовечка сила, денеска го слави својот 93 роденден.

Морнарот Попај, цртаниот херој што го замисли Американката Елси Крајслер Сегар, денеска наполни 93 години, а првпат бил претставен на 17 јануари 1929 година во стрипот Thimble Theater.

Од тој момент, тој стана составен дел од стрипот Thimble Theatre и набрзо стана толку популарен што стрипот го доби и неговото име.

После тоа, познатиот стрип херој ја доживеал својата филмска адаптација, па меѓу 1933 и 1957 година биле снимени околу 230 кратки епизоди, како и три подолги анимирани филмови за Попај: Sailor Sailor Meets Sinbad the Sailor, Popeye Meets Ali Baba’s Forty Thieves и Aladin and his Wonderful Lamp.

До 1988 година, бројот на цртани филмови за Попај пораснал на дури 638.

Големата популарност на овој цртан херој резултираше во 1980 година, кога Попај ја доби својата филмска верзија. Филмот го режираше славниот Роберт Алтман, морнарот го играше Робин Вилијамс, а Олива беше Шели Дувал.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мажите не се единствени кои иницираат секс: Дали знаете жените колку често сакаат?

Angela

На Сергеј Трифуновиќ му е забранет влез во Хрватска и сите земји од ЕУ

Angela

Растенија кои носат среќа во домот

Angela