EXCLUSIVE MK
Медицина

Дали симптомите на делта се различни од другите соеви на вирусот?

Според епидемиолозите, делта сојот на вирусот, покрај тоа што е повеќе заразен, има различни симптоми од претходните соеви.

Повеќето од хоспитализираните лица од ковид-19 во САД се невакцинирани. Тие исто така имаат поголем ризик да развијат потешки симптоми како што се потешкотии при дишењето и постојана болка или притисок во градите.

Делта варијантата е двојно позаразна од претходните, поточно, заразна е како сипаници. Покрај тоа, брзо се размножува во телото, а кај заразените луѓе, големи количини на вирусот се наоѓаат во носот и грлото.

Доктор Ендрју Т. Чен, епидемиолог и лекар во болница во Масачусетс, е еден од истражувачите во студијата што се занимава со симптомите на ковид-19. За време на истражувањето, тој следеше милиони заразени луѓе во САД, Велика Британија и Шведска, кои преку апликација ги внесуваат симптомите кои ги чувствуваат по инфекцијата.

Резултатите, кои се уште не се прегледани, сугерираат дека вакцинираните се добро заштитени од делта варијантата и дека развиваат многу благи симптоми и побрзо го надминуваат коронавирусот. Д-р Чен сега истакна дека симптомите по инфекцијата со Делта се различни од досега пријавените.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Летни овошја кои го закрепнуваат организмот

Angela

Ја имаат само 43 луѓе во светот: Златна крв – најретката крвна група

Angela

На природен начин прочисте ја крвта, со едно овошје

Angela