EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Дали старата љубов заслушува втора шанса

Родендените, семејни прослави, доаѓањето на новата година… ова се моменти кога ако сме сингл најчесто нѐ поттикнуваат да размислуваме што сме постигнале, кои луѓе сме ги задржале околу себе, а кои сме ги изгубиле… Секако, помислуваме и на некоја стара љубов.

Ако ви се пружа шанса да ја обновите врската со некоја стара љубов, убаво размислете дали е тоа најдобрата одлука за вас или само не сакате да сте сами.

По извесно време од раскинувањето повторно сте во контакт со бившиот партнер и меѓу вас повторно има „искри“? Ова се неколку насоки во кои треба да размислувате кога одлучувате дали да ѝ дадете шанса на старата љубов.

Залужувате да бидете среќни

Понекогаш животните околности нѐ одвојуваат од саканите личности. Понекогаш некој од партнерите прави грешка и се разделуваат бидејќи другиот знае дека не може ни да прости, ни да заборави. Во секој случај, водете се по своите правила. Заслужувате да бидете среќни, но не по цена на нешто подрагоцено – почитувањето кон себе си. Ако причината за разделбата не е нешто што ги крши вашите лични убедувања, размислете уште еднаш и дајте ѝ шанса на среќата со старата љубов.

Не одете по полесниот пат

Лесно е да се каже „збогум“ и да заминете, особено ако сте биле повредени. Но, ако инстинктот ви кажува дека бившиот искрено се извинил, се покајал, се сменил или е подготвен да се смени, послушајте го. Можеби првиот пат врската не била успешна бидејќи не сте биле подготвени да се прифатите такви какви што сте или сте станале. Влезете во нова авантура со стариот партнер, но не бидете наивни.

Сега е поинаку

Во насока на претходниот совет, многу е важно да знаете како вие сте се промениле во периодот откако раскинавте. Дали подобро се запознавте себе си? Дали сте построги или поблаги кон себе си и другите? Дали ги средивте своите приоритети? А во однос на поранешниот партнер – дали од дистанца сфативте повеќе работи за него, дали ја преиспитавте врската? Ако уште имате исти цели и сте подготвени да се борите за таа врска, направете го големиот чекор.

Љубов или нешто друго?

Ако обновување на врската со старата љубов е нешто на кое мислите веќе некое време, а не е резултат само на осаменоста околу празниците или на вашиот роденден, тука има нешто повеќе од моментална заблуда.

Секако, пред да направите некој голем чекор, бидете сигурни во вашата одлука и проверете во каква ситуација е вашиот поранешен партнер. Не е фер да го разнишувате неговиот свет, ако не сте сигурни во своите чувства.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

За да бидат максимално задоволени, жените сакаат сексуалниот чин да трае подолго

Angela

ВИДЕО: За инает на вереникот кој ја оставил поради тежината, ослабела 40 килограми – сега е СЕКС БОМБА

Angela

СЕ ПОЈАВИ ПРВПАТ ПО СЕМЕЈНАТА ТРАГЕДИЈА – Јелена Томашевиќ во црнина од глава до пети, но еден детаљ на нејзината облека откри сѐ (ФОТО)

Angela