Ако шолја топло кафе е првото нешто по што посегнувате наутро кога ќе станете од кревет, можеби ќе треба да размислите за промена на таа навика. Докторот Каран Рај тврди дека ова во никој случај не е добра работа
За повеќето од нас, првото утринско кафе ни ја дава потребната енергија за да го започнеме денот, но др. Каран Рај предупредува дека кафето не треба да биде првото нешто што го консумираме наутро, а еве и зошто.
Можеби ова е тешко да се проголта и за некои е неразбирливо, но има прилично добра причина за тоа, вели Рај, кој собра милиони следбеници на Тикток благодарение на неговите практични совети.
Во емисијата „BBC Morning Live“, популарниот лекар објасни зошто треба да дозволиме нашите тела да се будат сами, наместо да се потпираме на првата голтка кафе наутро.
Тој не предлага целосно откажување од утринското кафе, само малку да ја смените рутината.
Наместо тоа, Др. Рај вели да почекате неколку часа и да пиете кафе откако ќе се намали природното ниво на кортизол во вашето тело.
– Напијте се кафе на средината наутро кога нивото на кортизол и енергија ви опаѓа. Потоа оставете кофеинот да работи и да ви даде енергија – објасни тој.
„О Боже, не. Морам прво да пијам кафе наутро, инаку не сум пријател со никого“, напишала една жена, а многумина се согласиле.
Многумина се согласија со советите на лекарот, па им препорачаа на другите да ги пробаат. Имаше и многу од оние кои рекле дека на почетокот било многу тешко бидејќи се навикнавте на кафе, но кога ќе помине тој период, ќе се чувствувате многу подобро, пишува The Sun.