EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ НАСЛОВНА Црна хроника

Дваесетина мигранти од Конго откриени при сообраќајна контрола

Припадниците на Министрството за внатрешни работи при рутинска сообраќајна контрола запреле лесно товарно возило (комби) со кумановски регистарски таблички, при што во него забележале присуство на мигранти.

Во возилото имало 20 лица, од кои 18 од Конго, едно лице од Камерун и едно од Авганистан.

Настанот се случил на автопатот Гевгелија – Скопје, после клучка Смоквица.

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на товарно возило „цитроен џампер“ со кумановски регистарски ознаки, при што возачот го напуштил возилото.

Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а за настанот бил известен јавен обвинител.

МВР најави дека ќе поднесе соодветна пријава по целосно расчистување и документирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НЕЈЗИНИТЕ ГРАДИ И НОЗЕ НА МЕГДАН – водителката на Евровизија покажа со што ја „надарила“ мајката природа, оваа креација едвај и го собра деколтето (ФОТО)

Angela

„Телата на сиромашните фрелете ги, а на богатите дајте ги на семејствата“: Откриена морбидна тајна за „Титаник“

Angela

Ѓоковиќ сепак се враќа на терените годинава

Angela