EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Девицата во романса под превезот на тајноста, Стрелецот да внимава какви договори потпишува

ОВЕН

Нагласениот знак Лав, ви носи зголемување на приходите, но и непланирани трошоци. Астероидот Купидон во вашиот знак во добар аспект со вашиот владетел Плутон, навестува страсни моменти заедно со вашиот партнер. Слушајте го советот на нутриционистот.

БИК

Положбата на Месечината наспроти Јупитер и Уран во вашиот знак ве предупредува да избегнувате расправии со партнерот, особено ако се работи за Јарец или Шкорпија. Треба да избегнувате да земате заеми и непотребни трошоци. Пазете се од повреди во куќата.

БЛИЗНАЦИ

Со вашиот владетел Меркур на работното поле, под поволно влијание на Месечината, можете да склучите профитабилен бизнис со странци. Вечерта ќе сретнете шармантен Лав или атрактивна Водолија. Проблеми со зглобовите.

РАК

Иако вашиот владетел Месечината е изнемоштен во Шкорпија, нејзиниот транзит низ астролошкото поле на љубовта предизвикува стари здроби. Нагласениот знак Бик, во попладневните часови, ви носи можност за заработка преку бизнис со странци. Внимавајте на исхраната.

ЛАВ

Добриот аспект помеѓу вашиот владетел Сонцето и Месечината ги фаворизира уметниците и научниците родени во првата деценија. Со Венера, Марс и Црната Месечина Лилит во вашиот знак, вие сте популарни во општеството, особено кај спротивниот пол. Чувствителна кожа.

ДЕВИЦА

Поради нагласените полиња на партнерство и во странство, можно е договор за аранжман со странци. Паралелна или хонорарна работа ви носи зголемување на приходите. Позицијата на Месечината и љубовните планети укажува на романса под превезот на тајноста. Чувствителни уринарни патишта.

ВАГА

Позицијата на Месечината, која владее со вашата астролошка куќа на кариерата, ви носи шанси да заработите пари со инвестирање во бизнис со странци. Комбинацијата на вашиот владетел Венера и Марс во Лав ветува интересни средби и познанства во вечерните часови. Чувствителна кожа.

ШКОРПИЈА

Нагласениот знак на Лав, како и Рак, ви носи професионална и финансиска сатисфакција, доколку работите во судството или сте присутни во јавноста преку работа. Иако средбата со стара симпатија ви враќа убави спомени, сепак не е соодветно да се обнови врската. Нервоза.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас се големи деловни предизвици, но со сите ќе се справите полесно отколку со емотивниот партнер. Очигледно не може да ја сокрие својата посесивност и љубомора кога сте во прашање. Бидете повнимателни доколку потпишете какви било договори. Вие сте расеани.

ЈАРЕЦ

Полека, но сигурно привршувате незавршена работа, во која имате поддршка од една Шкорпија и една Водолија. Предизвикувачкиот аспект помеѓу владетелите на вашиот знак, Сатурн и Уран, ви носи средби и познанства со интересни луѓе. Несоница.

ВОДОЛИЈА

Вашиот владетел, бунтовниот Уран во мирен Бик, спроти Месечината во ладнокрвната Шкорпија, советува внимателност кога склучувате нови деловни зделки. Поради нагласениот знак Лав, популарни сте и среќни што ве гледаат во друштво на спротивниот пол. Нервоза.

РИБИ

Транзитот на Месечината ви носи контакти со странци, а аспектите на Меркур ви даваат можност да инвестирате во нови аранжмани. Рибите потешко ќе се договорат со Близнаците. Вашата романтична природа доаѓа до израз вечерва на средба со Шкорпијата. Несоница.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскоп за вторник, 16 ноември

Angela

КАКО ПОРЦЕЛАНСКА БАРБИКА – разликата по оваа естетска операција на лицето на Емина Јаховиќ е евидентна, сите прашуваат дали ова е пејачката? (ФОТО)

Angela

Сигнали дека сте во врска со детиште, а не со маж!

Angela