Карим Бензема (35), новиот член на саудискиот фудбалски клуб Ал Итихад, е среќен што ќе живее во Саудиска Арабија. „Јас сум муслиман, Саудиска Арабија е муслиманска земја и затоа сакам да живеам таму. Убаво е да се биде во муслиманска земја каде веќе чувствувам дека луѓето ме сакаат“, изјави фудбалерот по пристигнувањето.
Со него се пресели и неговата девојка Џордан Озуна, Американка која поради фудбалерот го прифати исламот. „Прејдов во ислам. Тоа беше овде во џамија во Мадрид, мала и интимна церемонија. Плачев како мало девојче“, изјави таа за шпанскиот магазин Yo Dona.
View this post on Instagram
„Истражував за оваа религија и мислам дека е прекрасна. Бев трогната од сè што прочитав за неа. За време на рамазан го читав Куранот и ме расплака. Ја читав и ‘Светиот пат кон исламот’, за христијанин што преминува во ислам, како мене. Навистина скапоцена книга“, додаде таа.
За љубовта на Карим и Џордан се дозна минатата година, откако на почетокот на јули беа видени заедно на јахта. Двојката се запознала во Лион, а како што тврди Џордан, таа тогаш не ни знаела дека Карим е еден од најдобрите светски фудбалери.
View this post on Instagram
„Кога го запознав Карим, не ни знаев кој е. Јас сум Американка, не знам многу за фудбалот“, откри таа во една прилика.
View this post on Instagram
Инаку, 32-годишната Џордан е успешна манекенка која се занимава со манекенство од мали нозе, а извесен период работела и како келнерка во „Hooters“.
View this post on Instagram