EXCLUSIVE MK
Занимливости

ДЕНЕСКА ЕДНА РАБОТА ЖЕНИТЕ МОРА ДА ЈА НАПРАВАТ – а еве што да направите со првото велигденско јајце

Православните верници денеска го прославуваат Велики Четврток. На два дена пред Велигден, на различни места се почитуваат различни обичаи.

На Велики четврток е востановена Светата тајна причеста поради што се верува дека и на најголемите грешници кои ќе се причестат на овој ден ќе им бидат простени гревовите.

Жените на овој ден во некои места палат свеќи и на дрвени даски ги пуштаат низ река во чест на душата на мртвите.

Денот треба комплетно да му се посвети на Бога. Не е дозволено да се работи ништо. На некои места се верува дека на Велики Четврток треба да се посадат лубеници, бидејќи така тие ќе израснат поголеми.

Селаните на овој ден работат ситни работи поврзани со стоката за таа да биде здрава, да се множи и да дава повеќе млеко.

Пред да изгрее сонцето, домаќинките ги вапцаат првите велигденски јајца. Првото се чува преку цела година за бериќет во куќата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Одмор за раскажување: Тргнал како патник, а завршил како капетан на авион за Шпанија

Angela

Осум причини зошто само силните плачат!

Angela

Обама пред 40 години во писмо напишал дека води љубов со мажи во својата имагинација

Angela