EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИКА САБОТА – денот меѓу смртта и воскресението, се прават последните подготовки за празникот!

Велика сабота или Велјасабота е ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната седмица, односно 7 дена по Лазаровата сабота и шест по Цветници.
А според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници. Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот.

Сабота, значи покој. Велика сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера.

Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот. Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика сабота е определена како Ден за чување на гробот.

Во Македонија некои на Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи.

На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.

Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска е главниот празник посветен на Јован Крстител

Angela

Како да ги отстраните масните дамки од каучот? ДВА трика по кои мебелот ќе ви биде како нов!

Angela

КАРЛЕУША ВО ФУСТАН ОД 10 ЕВРА – и тоа како ќе зумирате да се уверите дека не носи гаќички, од глетката ќе ви се заврти во умот (ФОТО)

Angela