EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Денеска е главниот празник посветен на Јован Крстител

На 20 јануари, Православната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци – Свети Јован Крстител.

Иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Овој светител го слават голем број луѓе, како светец познат по својата чистота, морал и Божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос.

На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна, на која сите не повикува Свети Јован. Тоа е тајната на покајанието, трансформацијата, преиспитувањето, ставањето на целиот свој живот во „утробата на Спасителот“, така што Тој може да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да ги следиме нашите луди човечки патеки.

Јован Крстител се смета за заштитник на пејачи, музичари, кројачи, кожари, волшебници, креатори на појаси, сопственици на гостилници, производители на ножеви, брусилки, затвореници, осудени на смрт, одгледувачи на птици, епилептичари, крстени луѓе, Малта, Јордан и многу градови низ целиот свет.

Именден прославуваат сите кои имаат имиња изведени од името на светецот Јован – Јована, Јованче, Јоана, Јана, Јанко…

Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Рокот за собирање потписи за независните истекува на полноќ

Angela

Ѓоковиќ жестоко го нападна АТП: Поважен им е профитот отколку играчите

Angela

Повторно високи температури, сончево и многу топло

Angela