EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ДЕНЕСКА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА – Велики петок е строг пост, еве ги обичаите

Велики петок, кој уште се нарекува и Распет петок, зашто на тој ден бил распнат Исус Христос, се смета за најтежок празник во христијанската религија.

Во овој ден од Страсната седмица Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која бил поставен огромен камен.

Наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии, Велики петок се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Исус Христос.

Во овој ден од Страсната седмица постот е особено строг: Црквата наредува да не се јаде и пие вода, освен за немоќните и повозрасните лица.

На Велики петок не се служи Света Литургија, а се вршат царските часови. Пред почетокот на службата, на специјално издигнато место во средината на храмот, се крева симболичен гроб, украсен со цвеќиња, а на престолот се става платно, со кое симболично било завиено мртвото тело на Христос по неговото симнување од крстот.

За време на вечерната богослужба платното се извезува од олтарот и се врши посебно богослужение, наречено Христово опевување. Песнопенијата се посветени на страдањата и смртта Христова. На Велики петок никој не работи, не се извршуваат ниту работи по полињата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Турист не ја препознал кралицата: Ја прашал дали ја знае Елизабета, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Angela

Постудено со повремен дожд, снег и ветер

Angela

Природна убавина и голи гради: Еве како изгледала Ана Николиќ пред да стане пејачка (ФОТО)

Angela