EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Денеска облачно и со дожд – еве какво време не очекува во наредните денови, ќе се разочарате!

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови под влијание на влажен и студен бран следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, особено во среда и четврток.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЦЕЛ СВЕТ ЗБОРУВА ЗА ОВА – братот на Шакира му одржал лекција на Пике, го претепал фудбалерот!

Angela

НА ОВА МЕСТО ТРУПАШЕ СНЕГ ЦЕЛА НОЌ – среде пролет вистинска зимска идила и десетина сантиметри снег (ФОТО)

Angela

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ИЛМА КАРАХМЕТ: На 2-ри мај го прослави 23 роденден, нема шанси да ја препознаете (ФОТО)

Angela