EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ДЕНЕСКА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ – еве какво време не очекува во следните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места со поројни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час).

Во Скопје променливо облачно, претпладне ќе има пороен дожд со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во недела за време на големиот христијански празник времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во понеделник ќе биде исто така променливо облачно со локален пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кога мажите чувствуваат омраза кон жените

Angela

Што сакам да бидам кога ќе пораснам

Angela

Во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско поради сообраќајка

Angela