EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Денеска сончево време, еве што не очекува утре – особено прочитајте какво време ќе имаме за Велигден!

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Минималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 16 степени.

До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Повторно високи температури, сончево и многу топло

Angela

ОД ГЛЕТКАТА ЌЕ ВИ СЕ ЗАВРТИ ВО УМОТ: Погледнете ја луксузната семејна оаза на Роналдо и Георгина (ФОТО)

Angela

Запознајте го H2ERA – oва е авионот на иднината (ВИДЕО)

Angela