EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Денеска сончево и топло – еве какво време не очекува за време на викендот, особено прочитајте што не очекува во недела!

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови, претежно во југоисточните делови, ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 21 степен.

За време на викендот ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во недела во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

До средината на следната седмица, времето ќе биде променливо, локално нестабилно со дожд и грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дарко Филиповиќ заработува повеќе пари од бизнисот отколку со пеењето: Пејачот целата заштеда ја инвестирал во ова – овој бизнис е тренд во поново време!

Angela

Дара Бубамара објави видео без фотошоп и филтри, обожавателите во недоумица дали е тоа нејзиниот вистински изглед? (ФОТО)

Angela

Интересни суеверија за ѕвездите

Angela