EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ДЕНЕС Е СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК – денот кога се расчуло за воскреснувањето, утрешниот велигденски вторник е единствен во годината

Денеска е Светол понеделник, втор ден Велигден, ден кога се расчу веста за воскреснувањето на Исус Христос. Со овој ден, започнува Светлата недела, односно неделата по Велигден, во која сите христијани го слават воскреснувањето.

Оваа седмица се нарекува и Томина недела, именувана по апостол Тома. Името „бела Недела“ е исто така многу распространето, бидејќи не се пости ниту среда ниту петок.

Утрешниот пак, велигденски вторник, според народните верувања, е единствениот добар вторник во годината.

Ако небото е ѕвездено на светла среда, постарите луѓе тврдат дека годината ќе биде исклучително плодна.

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици се разбегаа како што Самиот им предрече; освен апостолот Јован Заведеев и мајка Му под Крстот, малку подалеку стоеја и неколку жени коишто последните години Му служеа со своите имоти. Покрај Него тогаш немаше други, освен непријателите и минувачите во неверие. Евангелието подробно пишува за смртта.

Потоа Јосиф од Ариматеја, кој Му беше ученик, се осмели и го побара од Пилат телото за да го погребе. Го положија во еден нов гроб којшто Јосиф го имаше скроено во карпа. Го затворија влезот со камен и заминаа. За воскресението дознаа во мугрите во неделата, кога оние верни жени појдоа со миризливи масла на гробот за да Го помазаат телото, кое не Го најдоа. Веста ја прими прва Марија Магдалина и побрза да им јави на апостолите и тие не поверуваа.

Петар и Јован самите се стрчнаа до гробот и го најдоа каменот одвален, а од телото лежеа оставени само повоите. По ова, кога се собраа заедно во куќата, Исус им се јави и разбраа дека воскреснал. Но им го отвори умот и за да ги разбираат Писмата. Им се јави и на Лука и Клеопа додека одеа во Емаус, но не Го препознаа веднаш. Срцата им гореа на сите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ова се новите „Pixel 6“ и „Pixel 6 Pro“

Angela

Молитвата на Анастасија Ражнатовиќ ќе ги расплаче и најјаките: „Боже, дај ми сила да го прифатам она што не можам да го променам“ (фото)

Angela

По 130 години: Принцот Хари е првиот член на кралското семејство кој ќе сведочи на суд

Angela