EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

ДЕНЕС ОБЛАЧНО И СО ДОЖД – еве какво време не очекува во следните денови, вистинското разочарување допрва доаѓа

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Наутро ќе има дожд во западните делови, а попладне и во вечерните часови локален пороен дожд и ретка појава на грмежи во најголемиот дел од земјата. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 13 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повремен дожд кој ќе продолжи и во ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои претежно во попладневните часови локално ќе бидат поројни и повремено проследени со појава на грмежи и ветерот кој до среда ќе биде од јужен правец.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сораја не штеди за наследникот, па претерува: Ова парче бебешка облека чини 650 евра (ФОТО)

Angela

Денеска е Свети Атанасиј, после овој празник сѐ е полесно…

Angela

Рутерот виновен за фијаското на Фејсбук

Angela