Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој вдолж Повардарието попладне ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.
До среда времето ќе биде сончево и топло, во попладневните часови со локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Утре во западните делови ќе дува повремено засилен југозападен ветер. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен северен ветер и дневните температури ќе бидат во опаѓање, велат од УХМР.