EXCLUSIVE MK
Исхрана

Десерт на денот: Сладолед од лешник кој лесно се прави дома

Кремаст сладолед по рецепт од Тоскана кој ќе го обожавате.

Потребни состојки:

200 г лешници

6 жолтки

180 г шеќер(може и помалку, по вкус)

1100 мл полномасно млеко

2 лажици ликер од лешник или екстракт од ванила

500 мл слатка павлака

Сок од еден лимон

Начин на подготовка:

Испечете ги лешниците, но бидете внимателни да не загорат. Излупете ги додека се топли така што ќе ги замотате во крпа. Додајте ги во блендер, но внимавајте да не ги исечкате многу ситно.

Изматете ги жолтките со шеќер. Загрејте го млекото и пред да почне да врие тргнете го од оган и додајте ја смесата од жолтки и шеќер. Додавајте го млекото постепено со постојано мешање со миксер. Во сад со дупло дно варете го кремот и мешајте со дрвена лажица. На крај додајте ги и испечените лешници.

Изладете го кремот, додајте ликер од лешници или екстракт од ванила, а потоа мешајте ја изматената слатка павлака. На крај, додајте сок од еден лимон.

Замрзнете ја смесата и по неколку часа ќе добиете околу 2000 мл превкусен сладолед.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДИЕТА – Портокали и бадеми за сјаен тен

Angela

Нутриционист открива: Еве зошто не треба да се пие КАФЕ НА ПРАЗЕН СТОМАК

Angela

БОМБА ОД ВИТАМИНИ: Совршена свежа салата со тиквички

Angela