Првото коло од новата сезона во Ла Лига помина без фудбалер на Барселона кој го носи бројот 10, откако од неодамна негов сопственик не е Лионел Меси затоа што Аргентинецот се пресели во ПСЖ.
Сепак, изгледа дека нема долго да биде така затоа што каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво најавува дека „десетката“ наскоро ќе добие нов сопственик. Огромна сензација е тоа што неа најверојатно ќе ја добие најскапиот фудбалер во историјата на клубот Фелипе Кутињо иако тој е буквално омразен кај навивачите на Барса поради лошите настапи откако дојде од Ливерпул, а и поради двата гола што ѝ ги даде лани во дресот на Баерн, во четвртфиналето од Лигата на шампионите, при дебаклот од 2-8.
До минатата сезона Кутињо носеше 14, но на почетокот на оваа, тој број го доби Педри бидејќи беше најавено дека Барса прави се да го продаде Бразилецот и од него да пополни некои дупки во буџетот. Тоа не се случи, па Роналд Куман сега ја смени плочата и најавува дека е подготвен да му даде последна шанса на Кутињо.
Интересно е тоа што ако бразилскиот репрезентативец одигра пет натпревари, Барса ќе треба на Ливерпул да му доплати пет милиони евра како дел од договорот за трансфер што ќе биде дополнителен финансиски проблем во овој момент.