Ако имаш цел, ќе го најдеш и патот – вели една афричка поговорка.
Имајќи во предвид дека сезоната за одмори веќе заврши и не внимававме премногу колку храна внесувавме, со притоа минимална физичка активност, време е работите да ги поправиме. Во наша корист, се разбира.
За припадничките на понежниот пол кои вежбале, за оние што вежбаат и за оние што тоа го планирале, нудиме десет брзи совети како да го подобрат своето здравје, навики и изглед:
- Мали оброци – повеќе помали оброци во текот на денот го забрзуваат метаболизмот
- Опрема за тренинг– удобни патики, облека и шишенце со вода
- Тренинг–како начин на живот, не обврска, 3-4 пати неделно по 1 час минимално
- Интензитет на тренингот – прилагодете го со вашата моментална здравствена состојба и години
- Внесувајте овошје и зеленчук – куп од витамини, минерали и диететски влакна
- Анимирајте ги пријателите и колегите – вежбањето во друштво е интересно и малку такмичарско
- Цел на тренингот – ставка од која се поаѓа, а тоа го подобрува здравјето
- Инструкции од тренер– послушајте и прашајте кога нешто не ви е јасно
- Јадете, но пазете што – храна која ви дава сила, а не да ја намали
- Активирајте го умот и телото– фокусирајте се на секое движење и секој мускул
Веројатно видовте што е покровител на сите добри работи во животот, мислејќи на зачувување и подобрување на здравјето низ исхраната и правилното вежбање – МОТИВАЦИЈА!