EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Фитнес

Диетата со сурова храна за видливи резултати

ШТО ПРЕТСТАВУВА ДИЕТАТА СО СУРОВА ХРАНА?

Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна како: свежи зеленчуци и овошје, семиња, зрнести храни, плодови со јатка, сушени плодови и алги.

Диетата со сурова храна се базира на консумирањето на непреработена и неготвена храна.

Некои од приврзаниците на диетата со сурова храна се и вегани, т.е. воопшто не внесуваат храна од животинско потекло, но има и такви кои консумираат сурово месо и други продукти од животинско потекло. Најчесто, најмалку 75% од храната која се внесува треба да биде сурова.

Скоро сите диети треба да се држат одреден период за да бидат ефективни. Тоа не е така со оваа диета. Нема препорачан период, затоа што диетата со сурова храна треба да се смета како начин на живот и да се практикува постојано.

ЗОШТО ДИЕТА СО СУРОВА ХРАНА?

Приврзаниците на оваа диета се стремат да јадат сурова храна, затоа што сметаат дека кога храната е готвена на температура повисока од 46°C таа ги губи ензимите, кои ѝ помагаат подобро да се вари и апсорбира од организмот.

Храната со готвењето ги губи и повеќето хранливи материи и витамините. Затоа се смета дека суровата храна е поздрава.

ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ

И диетата со сурова храна, како и другите диети има свои позитивни и негативни страни.

Предности:

  • Многу подобар изглед на кожата;
  • Повеќе енергија;
  • Губење на телесна тежина;
  • Одржување на телесна тежина;
  • Намалување на нивото на лош холестерол, т.е. значително се намалува ризикот од срцеви и други кардиоваскуларни болести.

Недостатоци:

  • Потребна е добра организација;
  • Потребно е да бидете многу мотивирани;
  • Тешка е за држење, особено кога јадете во ресторан;
  • Потребна е подготовка;
  • Проблеми со варењето на храната.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Чудотворен напиток кој се подготвува со само 2 состојки

Angela

Зошто никако не треба да ги корнете белите влакна од косата?

Angela

Боровинките го намалуваат ризикот од проблеми со срцето

Angela