EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Дијареја – како да си помогнете?

Дијарејата е непријатна и нè прави да се чувствуваме неудобно, но не е некој голем проблем ако се јавува ретко и кај здрави возрасни луѓе. Ако дијарејата е хронична состојба или се јавува кај деца и постари лица, тогаш ситуацијата се менува и треба многу да се внимава, затоа што нивните тела полесно дехидрираат.

Што е дијареа

Дијарејата е појава на една или неколку течни, кашести столици во текот на денот.

Постојат два типа дијареја: акутна и хронична. За среќа најчесто се појавува акутната дијареја, т.е. дијареја која трае краток период. Најчесто трае неколку дена и е пропратена освен со течна столица и со болки и гасови во стомакот.

Хроничната дијареја трае подолг период и може да е знак за некое сериозно заболување, па затоа ако страдате од хронична дијареја, веднаш посетете доктор.

Совети

Ако страдате од дијареја, потребно е да консумирате многу течности.
  1. Хидратација на телото. Со дијарејата се губат многу течности, но исто така се губат и електролити и калиум кои што му се неопходни на организмот. За да ги надоместите, пијте многу течности. Консумирајте 8 чаши вода во текот на денот. Ако имате треска, зголемете го приемот на вода на 12 чаши. Обичната вода не содржи електролити, но е добра за да ги надоместите изгубените течности и да ја избегнете дехидратацијата. Можете да консумирате и чај со малку шеќер, сокови од јаболко и спортски пијалоци.
  2. Не примајте премногу ладни течности. Што и да одберете да пиете нека биде ладно, но не премногу. Пијте почесто и помали голтки. Така е подобро отколку да пиете цела чаша одеднаш.
  3. Консумирајте пилешка супа. Јадете ја млака, а не жешка.
  4. Одмарајте. Одмарајте го вашето тело, за да може успешно да се бори против причинителот на дијарејата.
  5. Ставете топло перниче на стомакот или шише со топла вода. Тоа ќе ви ги олесни болките кои ги чувствувате.
  6. Јадете лесна храна. Добар избор би бил супа, ориз, банани, компири, варени моркови, бело пилешко месо.
  7. Избегнувајте млечни производи. Избегнувајте млеко, сирење и други производи (освен јогурт) додека имате дијареја и неколку седмици потоа.
  8. Кажете му „не“ на слаткото. Високата концентрација на шеќер може да ја влоши вашата состојба. Истото важи и за шеќерот од овошјето.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кафето кое го купуваме наскоро ќе има се полош вкус

Angela

Трета доза на вакцини – кој е планот?

Angela

Најчести заблуди за дехидрацијата: Една од нив може да биде посебно опасна

Angela