Дијарејата е непријатна и нè прави да се чувствуваме неудобно, но не е некој голем проблем ако се јавува ретко и кај здрави возрасни луѓе. Ако дијарејата е хронична состојба или се јавува кај деца и постари лица, тогаш ситуацијата се менува и треба многу да се внимава, затоа што нивните тела полесно дехидрираат.
Што е дијареа
Дијарејата е појава на една или неколку течни, кашести столици во текот на денот.
Постојат два типа дијареја: акутна и хронична. За среќа најчесто се појавува акутната дијареја, т.е. дијареја која трае краток период. Најчесто трае неколку дена и е пропратена освен со течна столица и со болки и гасови во стомакот.
Хроничната дијареја трае подолг период и може да е знак за некое сериозно заболување, па затоа ако страдате од хронична дијареја, веднаш посетете доктор.
Совети
- Хидратација на телото. Со дијарејата се губат многу течности, но исто така се губат и електролити и калиум кои што му се неопходни на организмот. За да ги надоместите, пијте многу течности. Консумирајте 8 чаши вода во текот на денот. Ако имате треска, зголемете го приемот на вода на 12 чаши. Обичната вода не содржи електролити, но е добра за да ги надоместите изгубените течности и да ја избегнете дехидратацијата. Можете да консумирате и чај со малку шеќер, сокови од јаболко и спортски пијалоци.
- Не примајте премногу ладни течности. Што и да одберете да пиете нека биде ладно, но не премногу. Пијте почесто и помали голтки. Така е подобро отколку да пиете цела чаша одеднаш.
- Консумирајте пилешка супа. Јадете ја млака, а не жешка.
- Одмарајте. Одмарајте го вашето тело, за да може успешно да се бори против причинителот на дијарејата.
- Ставете топло перниче на стомакот или шише со топла вода. Тоа ќе ви ги олесни болките кои ги чувствувате.
- Јадете лесна храна. Добар избор би бил супа, ориз, банани, компири, варени моркови, бело пилешко месо.
- Избегнувајте млечни производи. Избегнувајте млеко, сирење и други производи (освен јогурт) додека имате дијареја и неколку седмици потоа.
- Кажете му „не“ на слаткото. Високата концентрација на шеќер може да ја влоши вашата состојба. Истото важи и за шеќерот од овошјето.