Овен
Брзо реагирате, па поради тоа не е добар момент за конечни одлуки, особено ако се однесуваат на фамилијарни, брачни или љубовни односи. Освен тоа чувајте се од измамници, особено ако имате врска со купопродажба на недвижности.
Бик
Финансиските прашања се во прв план, затоа што изостанале резултатите на кои безрезервно сте сметале. Ова е вовед во период на стагнација, па за вас е подобро да се подготвите. Трпение и упорност не ви се силна страна, а денеска ви се неопходни.
Близнаци
Мал прилив на пари не е доволен да ги покриете сите трошоци. Потпирајте се на партнерот, наместо да ги засукате ракавите и излезот го обезбедите со сопствени раце. Пружете шанса на пријателите, еден од нив моѓе да ви предложи идеално решение кои вие не го гледате.
Рак
Пред да се обидете да ги менувате другите луѓе, почнете од себе. Несогласувањата ги решавате така што пробувате да бидете љубезни кон сите оние кои имаат некакви барања од вас. Заборавате дека тоа никогаш не е благодарно.
Лав
Ве мачат финансии. Од сите страни ви доставуваат сметки, па дури и бараат пари на заем, а вие немате. Немате трпение за туѓите проблеми затоа што не сте сигурни како да ги решите своите. Немојте да бидете престроги кон луѓето, ќе дојде ден кога нешто ќе ви затреба.
Девица
Не дозволувајте лошо да ве расположат од опкружувањето во кое сте ценети. Вашата креативност не исчезнала, во прашање е само краткотрајно заситување. Наскоро ќе ви се укаже шанса да превземете водство во еден значен работен проект.
Вага
Денот е одбележен со непријатности на кои ќе ве изложат службените лица, без оглед дали сте виновни или не. Бидете внимателни, се што работите нека биде чесно. Секој обид на ваша манипулација ќе биде санкциониран во вид на парична казна.
Шкорпија
Извесни се изненадувачки трошоци, сепак, не се нервирајте затоа што ќе успеете да ја стабилизирате ситуацијата. Поддршка побарајте од пријател. Избегнете средба со партнерот затоа што една неспретна реченица може да биде искра за сериозна караница.
Стрелец
Непријатни вести може во целост да ви ја помати концетрацијата. Вашата целосна посветеност на одредена тема може овие денови многу да ве чини, доколку дозволите да ви „избегаат“ важни детали во врска со работата.
Јарец
Потребн а ви е промена, но немате идеја да ја спроведете сами, а суетата не ви дозволува тоа да го препуштите на партнерот. Прифатете позив и препуштете се на уживање. Негативното расположение ќе попушти и ситуацијата ќе се среди.
Водолија
За вас секоја активност е во суштина работа. Со радост прифаќате да организирате прослава во која главно ќе учествуваат луѓе со кои сте деловно поврзани. Доколку на време не се опуштите, вашиот перфекционизам може да прерасне во агонија.
Риби
Како на љубовно, така и на работно поле, пред вас е ден полн со ризици. Ова ви одзема многу енергија, која инаку ви недостасува. Разговорите кои ќе ги водите со одредени лица нема да дадат големи резултати.