ОВЕН
Добивате можност да ја покажете вашата подготвеност и снаодливост. Максимално сте посветени на работа и тоа ќе ви се исплати. Можно е да дојдете до интересно познанство со личност што ќе ви даде многу љубов. Имате вишок енергија!
БИК
Финансиите на некој начин ви се променливи и сè тече некако нестабилно. Не сте задоволни. Доколку не му ги покажете на вашиот партнер вашите искрени чувства, нема да може да ве разбере. Одбегнувајте цигари.
БЛИЗНАЦИ
Ви се одложуваат некои планови и не сте многу среќни поради тоа. Може да очекувате стагнација на работа. Доколку сте слободни, денешниот ден е многу поволен за ново познанство и флерт. Внимавајте ако сте склони на алергии.
РАК
Можете да очекувате ден во којшто ќе имате многу работи, обврски и густ распоред. Сигурни сте во вашите чувства и не ви е проблем отворено да му покажете на вашиот партнер што сакате од него. Внесувајте повеќе витамини.
ЛАВ
Неопходно е повеќе да ѝ се посветите на работата ако сакате да ги остварите зацртаните цели. Во спротивно ќе бидете незадоволни. Размислете малку за околностите што не ви се наклонети. Овој период ве мачи несоница.
ДЕВИЦА
Ви претстои ден што ви носи некои помали компликации на работа. Можни се разни проблеми. Ако сте слободни, ве очекува период во којшто ќе имате многу додворувачи. Внесувајте повеќе витамини.
ТЕРЕЗИЈА
Ситуацијата на работа не ви е многу поволна, чувствувате дека некои работи се ризични и дека губите контрола над работите. Ви треба пауза во емотивната врска бидејќи односот со партнерот почна да ве оптоварува. ‘Рбетот ви е осетлив.
СКОРПИЈА
Патувањето во странство би можело да ви донесе важни професионални промени. Ве очекува генерално поволен период. Можете да очекувате дека ќе успеете да остварите добри промени во љубовта. Одбегнувајте алкохол и пороци.
СТРЕЛЕЦ
Доколку очекувате каков било прилив на пари, денешниот ден ви е многу поволен. Ве очекува подобрување на финансиите. Возможно е да ви се укаже прилика да ги покажете искрените чувства кон симпатијата. Полни сте со сила.
ЈАРЕЦ
Ќе успеете да решите некоја дилема и да донесете одлука. Ве очекуваат важни деловни пресврти. Можно е наскоро да ве очекува важна одлука во врска со бракот и заедницата со саканата личност. Нискиот притисок ви предизвикува мали проблеми.
ВОДОЛИЈА
Имате многу работа и не ви е лесно сами да ги извршите сите обврски. Ви треба поддршка и помош од соработниците. Ви претстои период во којшто можно е разочарување на емотивен план. Добро се чувствувате.
РИБИ
Можете да очекувате фаза што ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да постигнете стабилност на работа. Ве очекува ново познанство кое може да биде многу значајно за вашата љубовна иднина. Ќе ви годи прошетка.