EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Дневен хороскоп за 2 мај: Прифатете го вашиот партнер таков каков што е

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 2 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Не верувате во нечии повеќекратни ветувања, па барате убедливи докази или дополнителна гаранција за деловен договор. Партнерот не може да ви пренесе сè што би сакале да слушнете или видите. За жал, ќе останете лишени од различни потреби, но прифатете го партнерот таков каков што е. Вечерните часови планирајте да ги поминете во интересно друштво.

Бик

Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Активирајте го вашето креативно расположение. Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве контролирадоведува до погрешно однесување.

Близнаци

Секогаш постои полесен или потежок пат до успехот, внимателно анализирајте ги различните предизвици и можности кои постојат на деловната сцена. Испланирајте романтичен состанок со саканата личност, ќе уживате во нејзинот друштво. Важно е да се чувствувате пожелно покрај некого.

Рак

Ракови, ваше е да ги создадете основните услови и да ја поведете главната иницијатива, а на некој друг е успешно да ги реализира вашите замисли. Во духот на емотивната инспирација, испланирајте романтична забава или нова љубовна средба. Ќе бидете задоволни од нечие внимание и наклонетост.

Лав

Денеска ви претстои тешка задача, затоа не бидете несериозни во личните проценки. Побарајте нечија поддршка или професионално мислење. Вашиот партнер ќе биде прилично вознемирен во ваше друштво, а тоа ќе ви го наруши расположението. Сепак, ќе направите чекор назад и ќе се обидете да го разберете. На крајот од денот, тој е ваша најголема поддршка кога вам ви е лошо.

Девица

Рано е да очекувате конкретни промени во вашето опкружување или да се занимавате со големи инвестиции. Почекајте подобри услови. Девици, не можете да игнорирате нечие присуство или јасна порака, затоа обрнете внимание на полето на интерес и движење на партнерот.

Вага

Повеќето настани ги толкувате на свој начин, упорно игнорирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашата деловна проценка. На љубовно поле, денеска ѝ делувате анксиозно на саканата личност. Внимавајте да не ве доживее пасивно-агресивно – бидете искрени за нештата што ви пречат. Ќе бидете пријатно изнедени од нејзиното разбирање.

Скорпија

Немојте да бидете наметливи, туку навреме побарајте нечија морална или материјална поддршка. Сепак, бидете внимателни кому се доверувате. Денеска ќе забележите дека вашиот партнер многу лукаво или вешто ќе ги игнорира вашите предлози. Ќе се запрашате: „Што се крие зад тоа“?

Стрелец

Стрелци, претерувате во желбата да оставите силен впечаток кај вашите соработници. Вашето однесување ќе укажува на претерано нагласување на личните способности. Нема потреба да барате виновник за вашите неуспеси. Прифатете ја реалност. На партнерот ќе ѝ делувате провокативно, но нема да го постигнете посакуваниот ефект.

Јарец

Секој има право на свое мислење или избор на приоритетни цели, но треба да се одржи успешно ниво во деловната соработка. Потсетете ги колегите на тоа. Ви се чини дека вашиот партнер има различни интереси од вашите. Залудно трошите „големи зборови“ објаснувајќи ги своите намери.

Водолија

Не вреди да се изложувате на голем ментален напор или да се спротивставувате на личност која ужива добра репутација и широко деловно влијание. Топлите емоции секогаш имаат лековито дејство, затоа внимавајте на вашата сакана личност. Поминете квалитетно време со неа.

Риби

Чувствувате мала резигнација, бидејќи деловните настани не одат во посакуваната насока. Сепак, не дозволувајте несигурноста да ве надвладее. Ќе имате убава средба со личност од минатото. Доколу сте сами, ќе ве скокотка мислата да му пишете на поранешниот партнер. Сега не е вистински момент за такво нешто.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскопски знаци повеќе уживаат кога се слободни отколку во врска

Angela

Раното будење носи ризик од болести, грижете се за својот сон

Angela

Во Скопје вчера напишани 243 казни за сообраќајни прекршоци

Angela