EXCLUSIVE MK
Астрологија НАСЛОВНА

Дневен хороскоп – мај никогаш не бил посреќен месец за овој знак и денеска сè ќе му оди од рака, а еве што ги очекува близнаците

ОВЕН 

Денеска ве очекува голем деловен успех. Ги предвидувате настаните и соодветно реагирате според ситуацијата. Добрите финансиски приходи ќе ви ја подобрат самодовербата и страста за трошење. Сепак, бидете разумни и слушајте повеќе што зборуваат луѓето околу вас. Забавувајте се навечер.

БИК

Денеска ќе бидете зафатени, бидејќи од вас се очекуваат многу работи и ќе мора правилно да ги исполните сите барања. Препорачливо е да не преземате непотребни обврски кои само ќе ви го нарушат распоредот. Колега ќе ви вети нешто што не е сигурно дека ќе го исполни како што сте се договориле. Сепак, не дозволувајте ова да стане причина за конфликт.

БЛИЗНАЦИ

Премногу се потпирате на вашиот личен шарм и тоа може да ве изневери во одреден момент. Не брзајте со мислата дека завршил одредениот ангажман. Проверете ги сите достапни податоци пред да донесете конечни заклучоци. Вашите мудри инвестиции ви носат добри дивиденди. Конечно имате доволно средства за да си дозволите краток одмор надвор од градот.

РАК

Внесете повеќе разновидност во вашиот секојдневен живот и ќе ја вратите желбата за настапи, забава и нови смели пројави. Не е потребно многу за повторно да се чувствувате во добра форма. Активностите на отворено се меѓу добрите работи што можете да ги направите за себеси. Комуникацијата со саканата личност ќе ви донесе добри емоции.

ЛАВ

Ќе напредувате во вашите работи, бидејќи, меѓу другото, не ви недостига цел и волја да ја постигнете. Вашата разбудена свест нема да ги пропушти новитетите во кои ќе најдете добри изгледи не само за себеси, туку и за голема група луѓе. Леснотијата со која комуницирате ќе ви помогне полесно да ги остварите вашите желби.

ДЕВИЦА

Не брзајте да ги осудувате луѓето. Можеби сериозно потценувате личност од која многу зависите. Стремежот да успеете по секоја цена денеска нема да ви донесе ништо добро. Потпрете се на саканата личност и поминувајте повеќе време заедно.

ВАГА

Прифатете ги нечии одлуки одговорно, без разлика колку тие не ве задоволуваат. Довербата бара да се жртвуваме за другите, како што би се жртвувале за себеси. Можно е да го привлечете вниманието на општеството, или поради вашите лични квалитети или поради поволно спојување на околностите.

ШКОРПИЈА

Активност која долго ве привлекува ќе ве направи поактивни во потрагата по можностите за реализација. Предлог ќе ве заинтригира и ќе барате покуси патишта за да остварите заеднички проект. Обидете се побрзо да навлезете во непознатата материја, за да бидете целосни партнери.

СТРЕЛЕЦ

Вашата решителност и снаодливите постапки ви го носат очекуваниот успех. Покажете повеќе трпение во односите со посакуваната личност. Верувајте во поволниот развој за вас и нема да доцни. Ќе се изненадите од вашата среќа.

ЈАРЕЦ

Ќе имате добра енергија и нови идеи. Работата нема да ви биде тешка и беспрекорно ќе ги извршувате обврските. Интересен состанок ќе ви го насочи вниманието, можеби ќе размислите и за промена на активноста. Оние од вас кои се занимаваат со комуникации, медиуми, рекламирање или медијација, ќе имаат забележителен успех.

ВОДОЛИЈА

Денеска се чувствувате инспирирани и работите напорно, водени од желбата да го искористите креативниот порив што ве зафатил. Запознавате доста интересни луѓе, благодарение на кои ќе дојдете до доста вредни идеи.

РИБИ

Внимателно ќе се загледате во ориентирите на вашиот пат, разбирајќи ги пораките на судбината. Вестите ќе ги насочат вашите напори во одредена насока и нема да бидете разочарани. Бидете отворени со личноста која не ги крие чувствата кон вас, а доколку не ве возбудува, најдете го вистинскиот начин да го покажете тоа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

(ФОТО) „10 е многу посебен број како што си ти!“ – Лука Модриќ во прегратка со својата ќерка

Angela

Жена Овен – секогаш во потрага по љубовник

Angela

Брз и лесен летен рецепт за „паста ала зука“, фората е во тиквичките

nenad