ОВЕН
Без да се жалите, ќе се посветите на работата и ќе барате можни начини да ја подобрите нејзината организираност. Но, немојте да си создавате непотребна тензија, размислете за одмор. Заедно со пријателите уживајте во пријатната атмосфера што ќе ја создадете. Проблем од здравствена природа некому ќе ја наруши вечерта.
БИК
Ви претстои важен состанок. Ќе можете да добиете поддршка за реализација на вашата идеја. Финансиската или интелектуалната помош ќе дојде со време. Побарајте ги пријателите, можеби ќе дознаете детали кои многу ќе ви ја олеснат работата. Заедно ќе имате попријатни емоции.
БЛИЗНАЦИ
Ќе ги зајакнете комуникациите, особено со луѓе и институции од кои зависат работите на повеќе луѓе. Ќе бидете активно вклучени во настаните и на многу начини ќе ги испровоцирате во поволна насока. Не судирајте се со законот и одржувајте добар тон во комуникацијата. Полни сте со енергија и во состојба за плодна работа.
РАК
Пријателските состаноци и забавата ќе ви помогнат да се ослободите од вознемирувачките мисли и стресот. На вас е да го имате тоа што го сакате. Борете се за вашата љубов и во исто време барајте од вашиот партнер да го направи својот избор. Прифатете го каков и да биде. Духовните практики ќе ви помогнат целосно да се опуштите.
ЛАВ
Во вашата работа очекувајте различни расположенија да лебдат околу вас и можеби ќе треба да ја донесете потребната рамнотежа. Одлично се согласувате со семејството и тоа ве поттикнува на храбри чекори. аНа некои од вас ви претстои патување во странство. Таму ве очекуваат нови познанства, а за оние без обврски дури и брак.
ДЕВИЦА
Ќе ви биде лесно да ги усвојувате науките. Во љубовта, односите со саканата личност ќе одат по надолна линија. За да не се измачувате бескрајно, најдете сила да ја прекинете врската која е безнадежна.
ВАГА
Денеска ќе ви треба многу трпение за да се справите со работите кои ве очекуваат, па од утрото мирно пристапете кон работата. Можете да сметате на совет од вашиот близок пријател, а доколку ви треба, не двоумете се да го сторите тоа.
ШКОРПИЈА
Внатрешниот импулс диктиран од вашата висока самодоверба ќе ве турне кон независност и ќе го зајакне вашето чувство за лидерство. Многу луѓе ќе бидат изненадени, но ќе се сретнете и со оние кои ќе ви дадат симпатии. Во личните односи ќе мора да размислите за партнерот, за да не ја преминете границата на добриот тон.
СТРЕЛЕЦ
Бидете одмерени во вашите зборови. Можно е да бидете погрешно разбрани и тоа да им даде можност на вашите непријатели да ги искористат предностите. Бидете потрпеливи со вашите најблиски и не го наметнувајте вашето мислење по секоја цена. Понекогаш тоа не е важно. Утврдете го вашиот став кон некој проблем и не го менувајте во зависност од ситуацијата.
ЈАРЕЦ
Вашето застапување за некој кој има талент и потенцијал за развој е за пофалба. Вашата доверба и пример ќе станат причина за неговиот успех, што ќе стане и ваш успех. Природно прилагодениот режим на исхрана и спиење ќе ви ја зголеми силата. Вести од животен карактер.
ВОДОЛИЈА
Со флертувањето ќе го привлечете интересот на нова личност од вашето опкружување и на тој начин ќе го испровоцирате на активни акции. Вашата врска ќе се продлабочи и ода вас ќе зависи дали ќе продолжите. Не изгледајте површно и несериозно, бидете коректни и доследни. На работното место не се исклучуваат изненадувања.
РИБИ
Вашата вродена интуиција ќе открие несомнени хоризонти за манифестација. Слушајте го своето срце, дури и ако тоа значи да дејствувате против конвенционалната логика. Поседувате огромен потенцијал, чиешто манифестирање би ви донело огромно задоволство.