EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Должината на денот осцилира на секои шест години

Според новите истражувања, внатрешното јадро на нашата планета, наместо постојано да ротира побрзо од Земјата, ротира прво во една насока во однос на површината, а потоа во другата насока; менувајќи ја насоката на секои шест години.

Не само што ова ни помага подобро да ја разбереме внатрешното функционирање на нашата планета, туку може да ја објасни и мистеријата што ги збунува научниците подолго време – зошто должината на денот осцилира на секои 5,8 години.

Сè уште не знаеме многу за јадрото на нашата планета

Иако научивме многу за функционирањето на јадрото на Земјата во последните децении, сè уште не знаеме многу. Тоа е затоа што не можеме да стигнеме до областа и да видиме што точно се случува. Сè што знаеме, собравме од индиректни набљудувања, како што се сеизмичките бранови.

Но, дури и овој вид на набљудување е доста ефикасен. Научниците успеаја да утврдат дека внатрешното јадро на Земјата е веројатно врела, густа сфера од цврсто железо, со дијаметар од околу 2.440 километри – малку поголема од Плутон. Доказите сугерираат и дека суперротира, односно ротира побрзо од нашата планета.

Анализа на подземни нуклеарни тестирања

Истражувачите првпат го опишаа овој феномен детално во 1996 година, со проценета стапка на суперротација од 1 степен годишно. Видале и неговиот колега Веи Ванг подоцна ја ревидираа стапката на 0,29 степени годишно, користејќи податоци од подземните нуклеарни тестови спроведени во 70-тите на рускиот полигон Новаја Земља.

Во своето истражување, тие се вратија во времето, анализирајќи два теста спроведени под островот Амчитка во 1971 и 1969 година и открија нешто чудно. Податоците покажаа дека внатрешното јадро на Земјата субротира наместо да суперротира, односно ротира побавно од ротацијата на Земјата за околу 0,1 степен годишно.

Се чини дека внатрешното јадро суперротира во полн замав, потоа забавува и повторно забрзува, пишува Science Alert.

„Очекувавме да ја видиме истата насока и брзина на ротација во јадрото како и во претходните тестови, но беше спротивно. Бевме прилично изненадени кога откривме дека се движи во друга насока“, рече Видал.

Проблем со дополнително тестирање

Деновите на Земјата минуваат низ временски варијации од плус или минус 0,2 секунди на секои шест години, а нејзиното магнетно поле исто така осцилира во период од шест години. По амплитуда и фаза, овие податоци ја поддржуваат теоријата на Видале дека двете работи се поврзани.

Но, за да го потврдиме ова со точност, ни треба повеќе тестирање, што е малку незгодно. Имено, постројката на американското воено воздухопловство која ги снимила податоците за нуклеарни тестови била затворена во 1978 година, а подземните нуклеарни тестови веќе не се толку обемни како порано.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ботас за најактуелната тема во Формула 1: Ова станува сериозен проблем

Angela

Сакате среќна и стабилна врска? Мажи, применете ги овие 5 совети и уживајте

Angela

Чурлинов: Ако Шалке не ме сака, се враќам во Штутгарт

Angela