EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Домашна маска за лице од само 3 состојки

Оваа домашна маска за лице се користи 2 пати неделно, а резултатите за кратко време се видливи.

Сите жени кои имаат сува кожа, знаат дека таа честопати знае да изгледа безживотно и дека е прилично тешко да се врати нејзината природна свежина и сјај. Но, оваа маска е решение за овие проблеми.

Комбинацијата од овие 3 состојки длабински хидрира, а веднаш по употребата на оваа маска се враќа сјајот на кожата.

Потребни состојки:

– 1 шака овесни снегулки
– 1 белка од јајце
– 1 лажица кокосово масло

Измешајте ги состојките, нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува околу 15 минути. Потоа исплакнете со млака вода.

Како овие состојки делуваат на кожата?

Белката е одлична за кожата од повеќе причини, а прво нешто што ќе забележите е ефектот на затегнување на лицето. Кокосовото масло длабински хидрира бидејќи неговите молекули се способни да продрат подлабоко во кожата и не се задржуваат на површината. Овесот помага кожата да ја заврши влажноста, а воедно прави и благ пилинг на лицето кој не е премногу груб за сувата кожа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Коронавирусот го спречи Вардар да игра на Ф4 турнирот во Задар

Angela

КУЌА КОЈА ЌЕ ВИ ГО ПОМАТИ УМОТ – еве каде ќе живее Шакира во Мајами, вилата е вредна вртоглави 17,5 милиони долари (ВИДЕО)

Angela

СТОПИРАНО РЕНОВИРАЊЕТО НА ЛУКСУЗНАТА ВИЛА НА ЦЕЦА НА КИПАР – се вмешала и власта, се огласи и Вики Миљковиќ која е главен виновник за сè! (ФОТО)

Angela