EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Домашна шампита како од слаткарница

Ако сте љубител на шампита, тогаш овој рецепт е идеален за вас.

Потребни состојки:

Пет белки

100 гр шеќер

Еден ванилин шеќер

Малку сок од лимон

Две пакувања лиснато тесто од по 200 грама

За сируп:

150 гр шеќер

100 мл вода

Шеќер во прав

Подготовка:

Испечете ги лиснатите теста, такашто едното ќе го избодете со вилушка, а другото површински ќе го исечете на коцки.

Изматете ги белките со шеќерот и ванилин шеќерот и додадете го лимоновиот сок. Изматете цврст снег.

На средна температура направете го шеќерниот сируп. Штом ќе проврие, додадете го снегот од белки и продолжете да матите.

Нанесете ја смесата врз тестото кое е избодено со вилушка. Врз него ставете го засеченото тесто. Оставете целосно да излади, посипете со шеќер во прав и послужете.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Акни во бременоста – носите момче или девојче?

Angela

Вечна дилема: Дали се подгрева пирето од компири, и како?

Angela

Брз и лесен летен рецепт за „паста ала зука“, фората е во тиквичките

nenad