EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА СПОРТ

Дончиќ постигна 45 поени во поразот на Далас

Кошаркарите на Феникс во изминатата вечер славеа против Далас Маверикс со 121:114 и поведоа во серијата со 1:0 во вториот круг од плеј-офот на Западната конференција.

Феникс во одличен натпревар пред своите навивачи успеа да дојде до победата против Далас и да поведе со 1:0. Домашниот тим имаше предност од самиот почеток на мечот. Во првата делница Феникс водеше со 35:25 додека на пауза се замина со резултат 69:56 за домаќините. Успеа Феникс да ја задржи предноста и во третата четвртина додека Далас резултатски успеа колку-толку да се приближи во последната четвртина.

Одлично играше Далас во последните 12 минути, но тоа не им беше доволно за пресврт. На крајот Феникс дојде до триумф со 121:114 и така поведе со 1:0 во серијата. Феникс предводен беше од Ејтон кој уфрли 25 поени и додаде уште осум скока, а одличен беше Букер со 23 поени, девет скокови и осум асистенции.

Неверојатен натпревар одигра Лука Дончиќ кој вчера уфрли 45 поени, но ниту тоа не беше доволно за Далас. Дончиќ покрај одличната поентерска вечер додаде уште 12 скокови и осум асистенции.

Првата победа во серијата ја запиша и Мајами кој на свој паркет со 106:92 ја победи Филаделфија за водство од 1:0. Мајами пред своите навивачи одигра одличен меч и после третата четвртина беше јасно дека ќе дојдат до победата. Домашната екипа ја предводеше Херо со 25 поени, додека Адебајо додаде 24 поени, 12 скокови и четири асистенции. Во редовите на Филаделфија најдобар беше Харис со 27 поени, шест скока и една асистенција.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Исплатени над 866 милиони денари за субвенции

Angela

Астролозите го предвидоа бракот на Анастасија и Немања, еве што друго им предвидуваат

Angela

Сакал да ја запроси девојката на натпревар, обезбедувањето го соборило на земја: „Вака треба да се неутрализираат сите запросувања на стадион“ (ВИДЕО)

Angela