EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Досега се регистрирани 4.155 заразени деца од ковид до 9 години

Само за една недела се регистрирани нови 2.704 позитивни случаи на ковид 19 во 33 града во државата, што покажува зголемување од 22 проценти во однос на минатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

„Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0 до 9 година и тоа 72 проценти повеќе во однос на претходната недела – се наведува во извеѓтајот на ИЈЗ.

Според податоците, само за седум дена починале 79 лица од опасниот вирус, од кои најмногу починати се регистрирани во главниот град. Повеќето починати се над 60 години, додека од 50 до 59 години се регистрирани четворица случаи, а за еден помалку починале кај возрасната група од 40 до 49 години. Исто така, смртни случаи последната недела се регистрирани и кај млади лица до 30 години и тоа двајца починати.

Во извештајот уште се наведува дека од самиот почеток на ковид пандемијата, па се досега се регистрирани 4.155 случаи на заболени деца до 9 години.

Досега во земјата се направени вкупно 1.366.002 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а бројот на активни случаи изнесува 6.187. 

Сепак, мора да нагласиме дека тоа се официјални податоци, кои излегуваат од министерството за здравство, односно сите оние кои отишле во државните и приватните лаборатории да се тестираат, па се ставени на списокот како носители на заразниот вирус. Тука не влегува бројката на оние пациенти, кои воопшто не се тестираат, а се заразени од корона, како и на оние кои на своја рака се тестираат со тестови во аптека, без да влезат во официјалните бројки на заболени.

Извор: Фокус

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Криза за вода на Блискиот Исток, инвестиции за отсолување на морската вода

Angela

Меган одбива да трпи понижувања: Роденденот на Арчи НЕ е причина да не дојде на крунисувањето – еве што велат експертите

Angela

Италијанците се жалат за состојбата на арената „Тодор Проески“

Angela