Набљудувањето на птици во природата и слушањето на црцорот има позитивно влијание на 9 од 10 луѓе, велат резултатите од една анкета во Велика Британија.
Невладината организација „The Royal Society for the Protection of Birds“ (RSPB) објави дека финансирала јавна анкета меѓу возрасните жители на Британија со цел да го дознае нивното мислење. Резултатите велат дека 53% се изјасниле дека минувањето време надвор и уживањето во животинскиот свет им е многу важно, додека 91% потенцирале дека гледањето на птиците и слушањето на нивното црцорење имало позитивно влијание врз нивното ментално здравје и добро чувство. Од РСПБ велат дека и други анкети ги дале истите резултати по прашање на посета на шуми, водени површини и други природни резервати.
Воедно, во нивна организација се случува и годишниот настан за пребројување на птиците, кога граѓаните се повикани за да набљудуваат и пријават бројност на птиците во нивното соседство. Според тие резултати, минатата година околу 700 илјади луѓе пребројале 11 милиони птици, што во просек дава резултат од приближно 16 птици по двор (или по пријавувач). Најбројни се врапците, по што следат модроглавите сипки и сколовранците.
Ваквите податоци придонесуваат да се изведат некои заклучоци, како на пример кои видови на птици ги снемува (долго-опашестите сипки и песнопојните палчиња).