EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

До среда сончево и топло, од четврток намалување на температурата

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, соопшти УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 30 степени, информираат од УХМР.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло, попладне со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.

-До среда ќе преовладува сончево и топло време. Утре попладне во североисточните делови ќе има локално зголемување на облачноста проследено со краткотраен дожд, известуваат од УХМР.

Од УХМР најавуваат дека од четврток облачноста повремено ќе се зголемува, ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за неколку степени. Главно во планинските региони ќе има услови за локaлeн дожд.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Температури во пад: Еве ја временската прогноза за следните денови

Angela

НА ОВА МЕСТО ТРУПАШЕ СНЕГ ЦЕЛА НОЌ – среде пролет вистинска зимска идила и десетина сантиметри снег (ФОТО)

Angela

Кои половни авомобили најмалку губат на вредност?

Angela