EXCLUSIVE MK
Исхрана

До 2050 година луѓето ќе престанат да пијат кафе – нова научна студија ги шокираше сите, ќе ни биде потребна адаптација!

До 2050 година, според сценариото за умерени климатски промени, светот би можел да изгуби повеќе од половина од обработливото земјиште каде што сега се одгледува кафе. Во моментов, водечкиот светски производител на кафе, Бразил, ќе изгуби 79 отсто од својата површина за одгледување кафе со ова темпо.

Ова се заклучоците од новата студија на научниците од Швајцарија, кои го процениле потенцијалното влијание на климатските промени врз некои тропски растителни видови, вклучувајќи кафе, индиски ореви и авокадо.

Сите три вида се важни прехранбени производи со кои се тргува ширум светот, главно произведени од мали фармери во тропските предели.

Кафето е секако најважно овде – во 2022 година се очекува заработката од него да биде 460 милијарди долари. Трговијата со авокадо вреди 13 милијарди долари, а индиските ореви 6 милијарди долари.

Заклучокот на научниците е дека поради предвидените климатски промени, површините погодни за одгледување на овие култури значително ќе се намалат во главните региони каде што моментално се произведуваат. Ова ќе влијае и на произведителите и на потрошувачите.

До денес, повеќето истражувања за влијанието на климатските промени се фокусирани на главните прехранбени култури, како што се пченицата, пченката, компирот и маслодајните семиња, од кои сите се одгледуваат во умерени климатски зони.

Многу помалку внимание е посветено на тропските екосистеми, кои сочинуваат околу 40 отсто од обработливото земјиште во светот, каде живеат околу три милијарди луѓе.

Овие студии почнуваат да го покажуваат изненадувачкиот опсег и сложеноста на влијанијата на климатските промени врз одгледувањето на најраспространетите култури во тропските предели. Уште поважно, тоа влијание нема да биде рамномерно распределено и некои делови од светот, како Бразил, ќе бидат особено погодени, а некои други земји исто така ќе можат да профитираат од климатските промени.

На пример, делови од Кина, Аргентина и САД ќе станат погодни за одгледување кафе. Она што исто така е сигурно дека овие промени најверојатно ќе се случат поради многу бавниот одговор и реакцијата на човештвото за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Затоа, како што истакнуваат научниците, потребно е време да се приспособат на претстојните промени – полека да се започне со преминот кон други култури. Сепак, какви и да се преземат мерки, многу тропски култури најверојатно ќе станат поретки и, според тоа, поскапи во иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

5 причини зошто јагодите се наше омилено овошје во јуни

Angela

Мед – прв другар во обидот да дојдете до витка линија

Angela

Придобивки од редовното консумирање банани

Angela