EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Државната поддршка за земјоделските задруги

Направивме сериозен исчекор во развојот и поддршката на задругарството. Земјоделците ја препознаа поддршката од државата и реалниот бенефит што го имаат од членството во задругите. Тие имаат можност да купуваат државно земјоделско земјиште, поволности при бодувањето за финансиска поддршка, како и можности за субвенционирана набавка на опрема и механизација која ќе им го олесни производството и ќе придонесе за поголеми резулати во нивното работење. Исто така, достапни се европските фондови, наскоро ќе стартува и ИПАРД 3 програмата, со што се отвораат нови можности и нови средства на располагање, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа на настанот по повод завршувањето на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги”.

Според него, реализирано е максимално се што беше потребно за да се добие соодветна законска рамка за работењето на задругите, алатка за следење на нивната работа со помош на развиениот повеќенаменски систем и стартегија со која точно се дефинира како во иднина ќе се развивав задругарството во земјава.

Завршниот настан се реализираше во присуство на претставници од релевантни национални и меѓународни организации, институции, ѓраѓански организации, задруги, земјоделци и групи на земјоделци.

Освен министерот Хоџа, поздравни обраќања имаа и Константинос Супилас, програмски менаџер Делегација на ЕУ, Сумка Бучан, регионална директорка на CARE, Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП и Сузана Димитриевска, претседателка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.

Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги” е финансиски поддржан од ЕУ, имплементиран од CARE International и Македонската развојна фондација за претпријатија, а крајни корисници се МЗШВ и земјоделците. мч/дма/

Скопје, 22 октомври 2021 (МИА)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците во услови на топлотен бран

Angela

Смртоносен напад во супермаркет

Angela

Народна банка ја зголеми проекцијата за инфлација, се очекува таа да остане во умерени рамки

Angela