Ибрахимовиќ со години не го менува начинот на исхрана, со строги правила за тоа што не може да внесе во своето тело.
Иако човек најпрво би помислил на месото, Ибрахимовиќ не се откажува од оваа храна, тој првенствено консумира пилешко бело месо, а понекогаш на неговото мени има и сушено говедско месо. Има и овошје и зеленчук, додека и покрај тоа што Италија ги јаде најдобрите пици и тестенини, тестенините се јадат само во посебни прилики.
Ибрахимовиќ ги крши строгите правила само во вонсезона, во текот на летото, кога јаде нешто порелаксирано, што е своевидна награда, а интересно е и тоа што доколку победи неговиот тим, си дозволува еден оброк со кој скока надвор од шемата.
Но, и во такви ситуации се води сметка за количината и самите намирници.
Секако, не претерува со јаглехидратите бидејќи сака неговата тежина да биде помеѓу 92 и 94 килограми. Тој ги почитува советите на италијанските нутриционисти кои му предложија додека играше во Јувентус, а тоа е осум бадеми дневно – тие се богати со магнезиум и здрави масти