EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Европската централна банка планира нов дизајн на банкнотите на еврото

Европската централна банка (ЕЦБ) планира нов дизајн на банкнотите на еврото, а конечната одлука се очекува да биде донесена во 2024 година, објави Асошиејтед прес.

Еврото беше воведено како достапна валута во 2002 година со дизајн опишан од ЕЦБ како „епохи и стилови“ – мостови, сводови и згради од различни времиња, но тие не се специфичен и добро познат споменик. Досега, дизајнот на банкнотите претрпе минимални промени.

„За 20 години, време е да го преиспитаме изгледот на нашите банкноти и да ги направиме поразбирливи за Европејците од сите возрасти и потекло“, рече претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Според неа, банкнотите на еврото се „јасен симбол дека сите сме заедно во Европа, особено во време на криза“.

ЕЦБ најави дека ќе формира специјални групи кои ќе собираат мислења од луѓето во Европа за можните теми за идните банкноти. Мислењата ќе ги обработува група експерти, вклучително и претставници на сите земји-членки на еврозоната. Тие ќе ги сумираат и ќе испратат скратена листа на предлози до Управниот совет на ЕЦБ.

Банката вели дека ќе побара јавно мислење, а потоа ќе одржи конкурс за дизајн на новите банкноти и повторно ќе се консултира со луѓето. Конечната одлука ќе ја донесе Управниот одбор кој ќе одлучи кога ќе бидат пуштени во оптек новите банкноти.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сончево и топло до 34 степени

Angela

Пад на каметите на кредитите и на депозитите

Angela

Пораст на цените на храната во Германија и до 25 отсто

Angela