Силен земјотрес со магнитуда од 6 степени според Рихтерова скала утринава го погоди грчкиот остров Крит.
Едно лице го загуби животот, а деветмина се повредени. Безживотното тело го извлекле спасувачките екипи од урнатините на мала црква во која се вршеле градежни работи во селото Аркалохори.
Медиумите јавуваат и дека има затрупани луѓе во куќите во кои има оштетувања од урнатини и лизгање на земјиштето.
Земјотресот предизвика материјална штета на стари објекти, цркви, но и на патишта во неколку општини на Крит што се наоѓаат блиску до епицентарот, јужно од градот Ираклио, додека пак беа евакуирани училиштата и побарано од родителите да ги земат децата.
Сведоците велат дека потресот бил исклучително силен и дека долго траел, и имале чувство дека нема да престане. Локалното население панично истрчало на улиците.