Петмината уапсени од завчера се во осумдневен притвор, а адвокатот на еден од нив најави дека наскоро ќе поднесат жалба
Блерим Ахмети, еден од организаторите на протестот во Тетово пред два дена ги известил властите на истражниот затвор Шутка дека започнал штрајк со глад, објави Алсат.
Од затворот за телевизијата информираат дека неговата здравствена состојба, во моментов е добра. Петмината приведени се сместени во посебни простории поради мерката за изолација за заштита од вирусот.
Пет лица од завчера се во осумдневен притвор од 8 дена.
Осумдневен притвор за петтемина приведени од протестите во Тетово
Бесник Асани, адвокат на Ахмети, за Алсат најави дека наскоро до Судот ќе поднесат жалба на одлуката за притвор. Тој вели дека ќе побара пристап до целосните докази што ги поседува полицијата и обвинителството, за делата за кои е обвинет неговиот клиент.
Во меѓувреме, Секторот за внатрешни работи во Тетово не ја исклучува можноста за други апсења, иако во моментов нема.
„Обвинителството во соработка со полицијата работи на откривање на лицата осомничени за сторени кривични дела за време на протестот. Во моментов нема други лица сослушани. Нема други апсења“,
велат од СВР Тетово.
И состојбата на повредените полицајци добра и ниту еден нема сериозни повреди.
Во петокот, се одржа протест против молкот на истражните органи за пожарот во модуларната ковид-болница каде животот го загубија 14 лица.
Ситуацијата ескалираше кога група демонстранти се судри со полицијата која не им дозволи да пристапат до седиштето на ДУИ.