– Цигари ни случајно (тука се качувам плус 10 килограми за месец сигурно). Искрено, ова ми беше најтешко кога вечерва од ОРЛ слушнав дека имам задебелување на гласните жици и дека треба со голема дисциплина да работиме на нивното закрепнување. Потценување е да се каже дека сум тажна, бидејќи ова ми се случува првпат и дека настапите се откажуваат додека целосно не закрепнам – напиша Славица.