EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Едно во 80.000: Објавена снимка со бебе што се роди во водена обвивка

Жените кои се породиле и секој кој присуствувал на породување знае колку е маѓично доаѓањето на сосема нов живот во светот.

Секое породување е уникатно, а секое родено бебе е индивидуа со неопислив потенцијал.

Некои породувања се особено интересни. Во огромното мнозинство на породувања, во одреден момент пука заштитната амнионска кеса или водена обвивка која го држи бебето и плодовата вода.

Како и да е, раѓањето на бебе додека уште е во недопрена водена обвивка, познато како en caul пораѓање, се случува само во приближно еден од 80.000 случаи. Почесто е кај породувањата со царски рез отколку кај вагиналните породувања.

Во некои култури ова се смета за знак на среќа за бебето и родителите. Од научна гледна точка, ваквите раѓања можат поблиску да дадат увид на тоа каков е животот на бебето во утробата.

Поради реткоста на вакви раѓања (и разбирливата желба за приватност на пациентите), јавноста често не може да види како тоа изгледа. Сепак, вирално видео кое прикажува новороденче во водена обвивка нуди увид во тоа како изгледа ова мало чудо.

Видеото го сподели д-р Игнасио Перез Томасоне, гинеколог од Аргентина, на својот Instagram профил. Д-р Томасон споделува видеа од породувања на својот instagram, но ова породување привлече големо внимание.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Интересни суеверија за ѕвездите

Angela

Кои половни авомобили најмалку губат на вредност?

Angela

Мултимилионерот Радим Пасер возел со 417 км/ч во Германија

Angela