EXCLUSIVE MK
Наука - новости

ЕКСКЛУЗИВНО: Игри кои ќе излезат во август (видео)

За учениците, август отсекогаш бил горчливо сладок месец каде се користат последните недели слобода за исполнителни гејминг сесии. Во случај да имате слободно време и да сакате да го искористите со некој од најновите наслови, ова се игри кои ќе излезат за месец август!

Првата недела на август

Hunter’s Arena Legends ќе биде бесплатна игра за сите PS Plus претплатници. Се работи за PvP и PvE борбена арена во стилот на Battle Royale игрите. Насловот веќе е дел од раниот пристап на Steam и прифатен е од заедницата со измешани реакции, каде само 63 % од рецензиите се позитивни. Доколку, пак, барате динамичен арена шутер со манипулација на времето, Lemnis Gate делува како наслов само за вас. Трети август се резервира и за уште една PvP игра која се вика Rocket Rumble а е обвиткана во шаренолико руво и со тркачки механики.

Петти август е резервиран за излегување на The Falconer за конзолите, како и новото DLC за играта кое се вика Edge of the World и крие нови мисии, локации и игриви класи. За истиот дел се планира излегувањето на Starmancer – уникатна симулација и стратегија која од срце ја препорачуваме на сите оние што се по градење и управување со бази.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Што знае бебе што е онлајн шопинг за 10.000 долари?

Angela

Најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а потоа се заразиле

Angela

Истражување покажало дека чувањето куче може да ви го продолжи животот

Angela