EXCLUSIVE MK
Ракомет

„Експертите“ со втор триумф – Франција не виде мака против Бразил

Селекцијата на Франција ја забележа втората победа на Олимписките игри. По триумфот над Аргентина, „експертите“ без поголеми проблеми го совладаа и вториот јужно американнски противник Бразил со 29-34.

По почетните 3-3, Французите набрзина се одлепија на плус пет голови предност, 4-9, но не успеаја да ја одржат таквата разлика до крајот на полувремето. По 7-12, Бразилците преку Леонардо Дутра стигнаа до минус еден, 11-12.

Беше и 13-14, но две грешки го чинеа Бразил минус три на паузата. Турна и Гигу од пенал обезбедија плус три за Франција, 13-16.

На стартот на второто полувреме Мае, Фабрегас и Турна зголемија на 13-19 и јасно беше во кој правец ќе се движи овој натпревар. Французите одработија само рутински до крајот за втора победа и загревање за дуелите со европските репрезентациии во групата.

Најдобри стрелци кај Франција беа Гигу, Карабатиќ и Турна со по четири погодоци, а голманите Жанти и Жерар собраа 13 одбрани. Кај Бразил премалку беа десет гола на Леонардо Дутра Фереира.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

„Навали народе“ сред еуфорија: Вардар продава билети за три меча одеднаш!

Angela

Скопско-битолски пресметки во полуфиналето на Купот на Македонија

Angela

Борко по триумфот на Вардар над Пелистер: Тоа е таа екипа!

Angela