EXCLUSIVE MK
Автомобили ВЕСТИ Свет

ЕУ ги отстрани и Србија и Албанија од листата на безбедни земји

Во овој момент од земјите во регионов, само Босна и Херцеговина се наоѓа на листата на безбедни земји

Европската унија ги отстрани и Србија и Албанија од листата на безбедни земји поради состојбата со коронавирусот. Претходно од листата беше отстранета и С Македонија, како и Црна Гора и Косово. Во овој момент од земјите во регионов, само Босна и Херцеговина се наоѓа на листата на безбедни земји.

Отстранувањето од листата значи дека почнуваат да важат рестриктивни мерки при влез во ЕУ од страна на граѓаните од земјите кои се означени како небезбедни.

Освен Србија и Албанија, денеска статусот на безбедни земји го изгубија и Азербејџан, Брунеи, Јапонија и Ерменија.

„Ова не ја доведува во прашање можноста земјите-членки да го укинат привременото ограничување за несуштински патувања во ЕУ за целосно вакцинирани патници (од овие земји)“, се вели во соопштението на ЕУ.

ЕУ наведува дека листата, како што беше и досега, ќе продолжи да се ревидира на секои две недели.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хаваи: Се урна хеликоптер со шест патници, двајца во критична состојба

Angela

Црногорската полиција заплени 1,5 тон кокаин

Angela

Биткоин повторно над 50.000 долари, која му е вредноста?

Angela